Image Alt

За нас

ФАСТ ФЕШН ЛИНК 76 ДОО е македонска компанија, специјализирана за производство првенствено на женска конфекција како блузи, фустани, панталони итн.

Првите нејзини почетоци се од 2006 година, и тоа само како една мала текстилна работилница сместена во две мали простории во кои работеа 10 тина работници.

Но, ентузијазмот и желбата да се оди напред и да се успее, беа многу големи и таа мала работилница, прерасна во една врвна текстилна компанија.

 

Денес оваа реномирана компанија која брои повеќе од 100 вработени, е сместена во околината на Прилеп, во областа Ново Лагово, во современ објект на повеќе од 2000метри квадратни, опремен со најсовремени машини кои се потребни за оваа производствена гранка.

Ако во нејзините почетоци ФАСТ ФЕШН ЛИНК 76 ДОО произведуваше 5000 – 10000 производи месечно, денес со гордост можеме да кажеме дека произведуваме и извезуваме надвор од нашата земја повеќе од 100 000 парчина облека месечно. Исто така, нашата компанија има соработка и им обезбедува работа на повеќе од 20 фирми низ Македонија. Производите кои се произведуваат и извезуваат, се продаваат во светските брендирани продавници.

 

Во моментов ФАСТ ФЕШН ЛИНК 76 ДОО се вбројува во низата на најдобро опремени и најсовремени текстилни компании, со светски признати сертификати кои се доказ за нашето успешно работење. Но, ние не застануваме тука.

Нашата цел и мисија е проширување на производството во многу европски земји преку зголемување на компанијата.

Нашата визија е да се обезбеди здрава работна средина на поголем број работници со кои заедно ќе успееме да ја прошириме компанијата на многу поголемо меѓународно ниво.